Како се ова добро, вкусно и примамливо изгледа, готвена храна повкусна и храната на баба, епа тоа е @bravia_kujna нашата втора домашна кујна и место каде ќе си нарачате и јадете превкусни готвени јадења во секоја прилика. Од толку избор и колоритност на јадења боли глава, нашите вредни домаќинки веднаш ни препорачаа што да пробаме. Полнета пиперка со сочно јунешко мелено месо и доматен сос е фантазија од вкус, лазањата со домашни кори, ајдамер кашкавал, бешамел сос и јунешко месо исто така апсолутен хит,. Од останатиот избор на мени има: риба, комбо best seller пилешки прсти со компир, ражничи, посни мени на чорбесто гравче со пастрмка и пиперче во лук, праз со зеленчук и месо, многу вкусно печено ребро во фурна на дрва, паста макарони во бел сос и Веге порции со зеленчукови салати и компири.
Во @bravia_kujna веднаш си седнавме да пробаме од се по нешто, а секое испробано јадење баш ме освои во целост за да на крај го пробам и сутлијашот со овошје кој е number one десерт. Секако без многу размислување земавме готвени јадење и за дома. @bravia_kujna се на три локации во Скопје:
– Спроти Симпо Црниче,
– Бравиа Кујна кај Diamond Mall на Железничка,
– Бравиа Кујна спорти Беко во катната гаража.
View this post on Instagram