Со поддршка од страна на Британската Влада по трагичниот настан во Кочани, специјализиран медицински тим од Обединетото Кралство беше испратен во Северна Македонија за спроведување на обуки на медицински лица за рехабилитација на пациенти со тешки изгореници.
Обуките се спровердуваа во Скопје, Кочани и Штип со околу 44 учесници од медициските установи во државата. По завршување на обуките, британскиот амбасадор Метју Лосон им додели сертификати и рече „Им благодарам на британскиот медицински тим и на медицинските лица кои беа дел од обуките и се надевам дека истите беа корисни за пренесување на британската експертиза, знаење и понатамошно применување на новостекнатите вештини за рехабилитација на пациенти со тешки изгореници. Обединетото Кралство е близок пријател на Северна Македонија и тука сме да помогнеме и во најтешките моменти.”
View this post on Instagram