Со низа инциденти, тепачка меѓу приватно обезбедување и демонстранти и меѓу опозициски и владејачки советници, полициска реакција и апсења, се одржа денешната седница на Градското собрание на Белград. Сето тоа се случуваше на главниот влез, а внатре во собраниската сала, опозициските советници мирно и едногласно, 60 пати по ред ја пееја српската химна во обид да ја блокираат работата на Советот. Но, и во такви услови, без советниците воопшто да слушнат за што гласаат, тие креваа раце и ги изгласаа сите точки од дневниот ред, јавува „Н1“.
„Дисонантни тонови во градското собрание – сме го виделе досега, но никогаш не сме биле сведоци на ваква композиција. Опозицијата сака да го спречи одржувањето на седницата и како бунтовнички хор ја пее српската химна, а власта седи и диригира како ништо да не се случува“, пишува „Н1“. По завршувањето на едночасовниот „концерт“, токму кога советниците ја напуштија салата, пред зградата на Градскиот совет избија нереди. Влезот во Градското собрание беше опкружен со метални огради, со детална идентификација и претреси, за што беше ангажирано приватно обезбедување. „Никогаш не сум видел приватно обезбедување, составено од криминалци, да идентификува советници кои влегуваат во Градското собрание“, изјави Дејан Атаначковиќ од Иницијативата „Мост останува“. Иницијативата „Мост останува“ ги повика граѓаните да го блокираат, како што го нарекоа, нелегален собир.
Мирниот протест ескалира кога дел од насобраните граѓани наеднаш почнаа да фрлаат со јајца и црвена боја кон зградата на Собранието и неговите чувари, а потоа поединци почнаа да се мачат околу металната ограда со приватно обезбедување, кои ја чуваа со чадори. Во еден момент, неколкумина луѓе облечену во црно ја заобиколија оградата, влегоа меѓу граѓаните и физички се пресметаа со нив, користејќи, како што може да се види на видеото, нешто што личело на некаква сајла. Но, по ова, демонстрантите се прегрупираа и ги подбркаа обезбедувачите, кои бегаа скокајќи преку оградата.
Privatni batinaši beže u Skupštinu grada od naroda. pic.twitter.com/ShXBkVwK6n
— Eko Straža (@EkoStraza) March 6, 2025
„Приватното обезбедување има овластување да интервенира исклучиво во објектот што го чуваат, секое излегување на улица, јавни површини или она што го видовме пред Градското собрание е нелегално. „Надлежноста беше да се повика полиција во такви ситуации“, вели адвокатот Милош Јанковиќ. Многу брзо по судирот меѓу приватното обезбедување и граѓаните, полициските специјалци реагираа. Епилогот беше – петмина уапсени демонстранти.