Штипска Брегалница дозволи изненадување на гостувањето кај Вардар Неготино, каде загуби со 0-1, ако тоа би можело да се нарече изненадување знаејќи ги го фактот дека формата на вардарци оди во нагорна линија, а доказ за тоа беше и минатонеделната победа на тешкото гостување во Прилеп над Победа.
„Винарите“ дојдоа до бодови со кои тандемот на клупата Тодорчев-Стојановски обезбеди опстанок во второлигашкото друштво и го чека мирен финиш на сезоната, што беше и реална цел пред почетокот на сезоната со оглед на буџетот и фудбалерите со кои располага клубот. Стрелец на важниот гол за неготинци беше Ѓорѓи Шишков во 71-та минута.
РЕЗУЛТАТИ ВТОРА ФУДБАЛСКАА ЛИГА:
КОЖУВ- МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0,
САСА- БАШКИМИ 0-5,
СКОПЈЕ- АРСИМИ 0-2
ВАРДАР Н- БРЕГАЛНИЦА 1-0,
ОСОГОВО- БЕЛАСИЦА О-О,
ВАРДАРСКИ – ОХРИД 3-0,
НОВАЦИ ПОБЕДА 0-0,
ДЕТОНИТ- БОРЕЦ 2-0,
ТАБЕЛА МАКЕДОНИЈА ЃП И БАШКИМИ ПО 53, АРСИМИ 51, БРЕГАЛНИЦА 48, ДЕТОНИТ 36 БЕЛАСИЦА И ОХРИД ПО 35 , СКОПЈЕ 34,САСА И КОЖУВ ПО 32, ВАРДАР Н 27, НОВАЦИ 25 ПОБЕДА 24, ОСОГОВО 18, БОРЕЦ 13, ВАРДАРСКИ 11