21.8 C
Скопје
09/05/2025 13:24
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Величковски: Мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено

      

„Партиските мегафони на власта, медиумски распоредени на различни места се обидуваат да кажат дека сите сме виновни. Не, виновни се тие коишто корумпираат, коишто се корумпираат и тие коишто заработуваат на нелегален начин, слободно можам да кажам, во изминативе повеќе од 25 години“, вели за „Трилинг аналитичарот и политичар Ивон Величковски. „За да ја отворам темава на вистински начин, за да спречиме уште некој голема трагедија треба да ги отвориме прашањата онаму каде што сме застанале пред 20 години“, вели Величковски.

-Забележувате дека во Кочани, можеме слободно да зборуваме и за тој триаголник со Велес и Свети Николе, функционираше една т.н „Франкфуртска мафија“ којашто не може да биде дел од организираниот криминал доколку државата не стоеше зад неа. Сетете се за улогата на Кочани во минатиот систем и кои се служби беа распоредени во него и кој беше третманот на т.н источниот дел од караулата на тогашна СФРЈ кон Бугарија и кон Албанија. Едноставно треба да зборуваме за фактите. Таа мафија не се јави сама по себе и нејзините последици ги гледаме денеска во Кочани.

   

-Ќе ги отворам и понатаму прашањата – дали единствените загуби на струјата се случуваат во Арачиново, како што се обидуваат да кажуваат партиските мегафони или ќе најдеме локации во тој триаголник којшто го споменав и се протега се долу до Струмица.

-Организираниот криминал е тој кој овозможи ниту судство, ниту обвинителство да не регистрираат обиди за рекетирање, за насилничко однесување и слично.

-Таа мафија, вели Величковски, беше трансформирана, но не значи дека не постои.

-Како заврши аферата „Детонатор“ која спонтано се јави и спонтано ја снема. Источниот дел на Северна Македонија е под окупација од старите структури и се држи во очигледен притисок, но тој притисок сега попушти. Попушти на најслабата карика, на оние коишто се најмалку виновни за тоа. На шеесет млади животи. Нема да зборам за оние системски пропусти, ако се наоѓале малолетници како дискотеката функционирала. Таа функционирала во мандати на најмалку три или четири локални самоуправи, раководени и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Таа функционирала и во Министерство за економија раководено и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Таа цело време требала да биде инспектирана, како и сите други угостителски објекти. Но зошто не било тоа така? Дали е тука сплетот на организираниот криминал кој најлесно ги наоѓа своите патишта во таквите делови од ноќниот живот. И конечно да се запрашаме дали потоа се перени пари кои понатаму се движеле, било низ градежништво, било низ игри на среќа и биле пуштени во легалниот промет.

„Не е точно дека сите сме виновни“, вели Величковски и додава дека виновни се тие коишто ќе бидат најдени во една ваква истрага којашто ќе биде многу поголема и од тие причини смета дека премиерот Мицкоски одби меѓународна истрага.

– Кога власта вели тргнавме и нема запирање и кога велат имаме голема мафија, Величковски вели власта да каже кој е капо ди тути капи во државата.

„Ние ги охрабруваме во тоа, но да се соочиме и со другите факти. Штом тоа го велат, значи дека знаат. Штом знаат, значи дека имале допир со неа. Можеби ги имаат во своите структури, партиски, политички. Можеби се инсталирани во државните, правосудните органи.

-Се сеќавате на каков отпор наидуваше секоја наша иницијатива за ветинг, но и она што значеше комплетен реизбор на судството и правосудството. Ние и денеска мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено. Има многу статуси по социјалните мрежи, од обвинители и слично, кои учествувале и во модуларната болница. Што сакаме ова да биде 1:1? Еден куп жртви од едната партија, друг куп жртви од другата партија? Сега нема зошто да молчиме. Затоа кажав и на почетокот на неделата – ние сме веќе поделени. Од една страна се тие коишто заработуваат на нашата крв, бидејќи крвави им се рацете, од друга страна сме ние кои не сакаме веќе ова да се повтори, ниту смее да се повтори. За жал доцниме, вели Величковски и додава дека сега ќе им биде на сите јасно зошто одредени структури во политиката биле саботирани, уништувани и маргинализирани.

„Тоа е за да може организираниот криминал преку овие партии и преку нивната олигархија да функционираат непречено. Еве ги последиците и уште последици ќе се јавуваат доколку вака продложиме“, истакнува Величковски.

Премиерот Мицкоски веле дека митото е ДНК на општеството и бомбастично најавуваше битка со мафијата и дали оваа битка на Мицкоски ќе заврши како онаа во деведесетите на Црвенковски кога ја отвори аферата „Октопод“, Величковски смета дека е истото со она „ќе ги кратиме пипците на октподот“.

-Не, пипците не беа скратени само беа продолжени и само ја видоизменија својата траекторија на движење и траекторија на движење на сопствените пари.

-Затоа ќе ве вратам назад. Погледнете во источниот дел на Северна Македонија. Каде е најголемото иселување по глава на жител? Започнува во Кочани. Каде се одвива натаму? Виница, Делчево, Берово, Пехчево. Мислите дека тоа е нешто ново? Свети Николе исто така, тука е и Велес. Не, таа иста мафија, или таа иста корупција владее и таму како што владее и во други делови од државата, затоа што никој не сакал да се пресмета со неа, а оние коишто сакавме, бевме тргани и маргинализирани на страна. И затоа сега олигархијата која ја создаваше или учествуваше во создавањето на поделбата – крупниот криминал и приватизацијата кај белите крагни, ситниот криминал кај организираниот криминал – во делот на бруталниот и насилниот криминал, кај структурите блиски до полицијата. Е сега таа иста олигархија ќе се плаши од истите насилници под кои не може да се движиме ниту ние, ниту тие на улица, смета Величковски. Величковски вели дека нема да влезе во стапицата и на опозиционите парламентарни партии и на оние од власта кои велат дека случајот не треба да се политизира. Тој смета дека и тоа како треба да се политизира случајот, бидеќи станува за политика на уништување на сопствената држава.

„Ние сме против, тие нека си бидат за досегашното уништување. Она што не смееме да го дозволиме е партизирање, бидејќи партизирањето, во сите овие дозволи коишто биле издавани, во целото толерирање на финкционирањето на нелегална дискотека, учествувале, во најмалку три мандати, сите партиски функционери именувани од министри па надолу“, додава Величковски. Говорејќи за тоа дека е морбидно да си правиш ПР врз луѓе кои се борат за живот и притоа да велиш дека тоа го правиш од човечка и хумана димензија, Величковски вели дека на министерот Таравари му е обврска да организира добар здравствен систем, а не како во случајов 70 луѓе да се лечат во Северна Македонија, а над 100 да се лечат надвор.

-Истото се однесува и на премиерот. Истото се однесува и на господинот Вучиќ којшто отиде и се сликаше со нашите пациенти во Белград. Истата матрица води до истиот страв, од коишто властите и во Скопје и во Белград се плашат. Но тоа не е предизвикано од некоја партија, тоа е предизвикано од чувството на гадење коешто граѓаните го чувствуваат кон власта, бидејќи власта е повеќе од една Влада. Власта е тој невидлив систем кој го исели источниот дел на Северна Македонија, којшто Скопје го направи транзитна позиција кон иселувањето надвор и ќе ве потсетам само дека на овој начин ние само се обидуваме да се вратиме во позициите од деведесетите години, каде што ако падне авион, тој што ќе преживее ќе појдат да го посетат и сите да се сликаат него. Ова стана некрофилска политика. Само оние коишто се подготвени да владеат со пепел нема да бидат изолирани од желбата ПР-овски да успеат да добијат поени и на вакви жртви. За жал Владата сега тоа покажа дека и е политика, смета Величковски. Говорејќи за тоа дека пратеници од владејачката гарнитура досега не смогнаа сили да изразат желба или да се појават градовите од каде што црпат поддршка на изборите, Величковски вели дека тоа се луѓе кои се отуѓени од своите места.

„Ние имаме централизирна политика, токму за да не се знае што се случува во секое место и да нема одговорност. И сега е обидот да се прекине линијата на одговорност која што оди од горе до долу. Бидејќи сакавме централизирана држава, повелете ја добивме, но тоа сега значи дека централизирана е и одговорноста. Дали министерот за внатрешни се вика Панче Тошковски или Тоше Панчевски сѐ едно е. Началниците кои што тој сега ги менуваше беа именувани од него. Треба да каже по чиј предлог ги именувал. По сопствено наоѓање, во консултација со опозиција, по барање на премиерот, бидејќи во овој временски период во којшто тој е министер за внатрешни работи повторно биле промашени контролите. Повторно ништо не се гледало, ништо не се инспектирало.

-Ќе спомнам и за револтот во Кочани. Зошто мислите дека луѓето отидоа и го искршија локалот во центарот, кога кажаа дека станува збор за половина објекти-дивоградби? Тие луѓе чувствуваат дека се оставени на самите себе и на милост и немилост на бруталниот криминал“, вели Величковски. Величковски вели дека проблемот не е ниту во Софија, ниту во Атина, ниту во Белград, ниту во Приштина, ниту во Тирана, не е ниту во Брисел.

„За што се одбегнуваше да бидеме дел од тракторијата за полноправно членство во ЕУ? За да нема контрола. Тоа е прва работа. Втора работа е прашањето каде ги лечиме нашите пациенти. Нашите пациенти ги лечиме во странство. За кој суверенитет зборуваме? Трето, зарем може да заборавиме дека ние во овој момент треба да инспектираме како работел нашиот Центар за управување со кризи. Колку пациенти се пренесени организирано, каков е форматот на работење. Се плашам дека се сомневам дека некои работи не функционирале добро. Плановите за реагирање во кризни ситуации од овој тип се работени уште 2004 година. Она што значеше неуспешно справување во делот на короната и третманот на пациентите е само еден дел од пропустите. Сега треба да провериме и како функционирал Центарот за управување со кризи и дали имаме капацитет да се справуваме со кризи од таков тип. Лечиме во странство, пожари ни гасат од странство, што треба друго? За тоа ќе биде проблем секој сосед, за тоа ќе биде проблем секој кој ќе кажува за овие проблеми, само политичките партии или да бидам попрецизен, нивните раководства, нема да бидат проблем, вели Величковски и додава дека овој гнев нема да заврши.

„Ние сме веќе поделени, но не онака како што сакат политичките партии и олигархиите, не по етничка основа, туку суштински. Оние коишто ја сакаат својата држава, коишто сакаат да живеат во организиран систем, во ред, кои сакаат да се борат против криминалот и оние другите кои се спротивставени на тоа. Затоа постои една и единствена опасност, а таа ќе биде токму од оние кои сега се загрозени на овој начин – од промената на толеранцијата и спуштањето на нејзиниот праг кон овие девијации. Тие ќе предизвикаат политичка криза.

-Забележувате дека никој не зборува дали Владата треба да даде оставка или не. Сите бараат да се најдат виновниците и тие да бидат санкционирани. Ова не е партиско прашање, ова е политичко прашање коешто за жал зрееме да го решаваме низ многу жртви, вели Величковски и додава дека ова е преголема трагедија којашто сите ја чувствуваме и не можеме да се однесуваме како да ни е сеедно, вели Величковски.

„Жртвите не можат да бидат вратени, можеме да спречиме нови жртви, нова експлозија на насилниот криминал, на бруталниот криминал. Лиферацијата на дрога во ’95, ’96, ’97-ма во периодот кога започна криминализацијата, започна токму од тој регион во Северна Македонија. Кочани беше еден од центрите. Сега видете дали повторно истото ќе се случува, каде ќе се случи. За цело тоа време обвинувани беа Албанците. Еве уште нешто. Да се вратиме на „Детонатор“ и пред тоа. Да се вратиме на сето она што беше покривано и оние осцилации – Изборна единица бр. 3, еднаш е за една структура, друг пат е за друга политичка структура, но секогаш беа тоа огромни осцилации, во зависност од тоа како партиите ќе се договореа со криминалот“, вели Величковски. Целиот разговор со аналитичарот и политичар Ивон Величковски погледнете го тука

    

Најново

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski
Вчитувам....