Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, се емитува вечерва (14 април 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Една од новите потпретседателки на СДСМ, Кристина Костова, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме дали ја заслужува високата партиска позиција и која е нејзината мисија во политиката. Разговараме и за тоа колку соодветно СДСМ ја игра улогата на опозиција и зошто Венко Филипче беше реизбран за лидер со околу 18 000 наспроти Димитар Ковачевски со 37 000 и Зоран Заев со 59 000 гласа на внатрепартиските избори.
Тема во интервјуто се и критиките на СДСМ за текот на истрагата за пожарот во Кочани, колку реакцијата на партијата беше предодредена од тоа што лидерот Филипче беше министер при трагедијата во модуларната болница во Тетово, дали прифаќаат формирање анкетна комисија во Собранието со опфат и на претходни трагедии, дали тоа што нема протести значи дека граѓаните мислат оти власта соодветно се справува со случајот Кочани… Разговараме и за претстојните локални избори, потенцијалните кандидати за градоначалници и очекувањата на СДСМ. Костова ја прашуваме и за досегашниот перформанс на Владата. Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.