Реконструкција и изградба на 70 нови улици! 130 милиони денари вложуваме во патната инфраструктура! Почитувани граѓани на општина Бутел, На мое големо задоволство сакам да ве известам дека од понеделник започнуваме со најголемата градежна офанзива за изградба на нови улици и реконструкција на постоечките. До крајот на оваа година или поточно до крајот на мојот мандат ќе се инвестира во патната инфраструктура како никогаш до сега. 70 улици во сите населени места ќе бидат реконструирани а некои улици за прв пат ќе добијат асфалт. Дел од овие улици се клучни коловози во населените места.
Едни од поголемите улици кои се опфатени со оваа градежна офанзива се: ул. Боро Менков, ул. 30 (главната улица во н.м Љуботенски пат), ул. Боро Кралевски, ул. Бетовенова, ул. Симче Настевски, ул. Марко Крале, ул. Коритница, ул. Киро Димушков, ул. 1559. Еднакво ќе се инвестира во сите населени места. И ова се инвестициите само во патната инфраструктура. Наскоро ќе ги промовира и останатите капитални проекти кои верувам ќе бидат од големо значење за граѓаните на општина Бутел! Заедно ја градиме нашата општина во едно модерно и урбано место за живеење!