Случајот со Јон Фрчкоски не е единствен во СДС. Јавноста сведочеше и на други вакви случаи кога станува збор за СДС. Поранешниот пратеник на СДС, Павле Богоевски исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. Богоевски беше и еден од водачите на Шарената револуција. Јон и Павле се луѓе од СДС кои од една страна делат лекции за правда и ја бараат истата, а од друга страна се лица кои користат психотропни супстанци. Дополнително во случајот со Јон станува збор за личност која е фатена на дело како користи кокаин на работно место. Истиот тој е поранешен помошник директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор и син на грдото лице на транзицијата Љубомир Фрчкоски.
Јон сака да помине само со јавно извинување, а СДС во меѓувреме молчи. Јон е само еден од ликовите на трулиот и корумпиран СДС, кој имал функции благодарение на СДС како на државни институции, така и партиски. Молкот од СДС и Венко Филипче е алармантен и отвора неколку прашања, меѓу кои: Дали молкот и неоградувањето од постапката на Јон Фрчкоски значи дека Филипче одобрува земање на кокаин? Дали СДС ќе се извини на јавноста? Дали СДС ќе побара институции да постапат согласно законските надлежности?СДС и Венко Филипче досега само потврдуваат дека се лице на корупција, на активности како што е земање на психотропни наркотични супстанци. Едноставно, дека се лице на грдата и расипничка транзиција која ја спроведуваа токму ликови од СДС.