ССМ е киднапирана од СДС. Веќе подолг период овој синдикат нема автентнично делување, туку следи насоки на опозицијата. Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со СДС и со кого се координира пред секој настап? Трендафилов да не ги лаже работниците и јасно да каже, дали од СДС му е кажано да излезе со илузорни барања за потоа тие да се налепат преку прес-конференции на темата? Трендафилов е ставен во канал на партиското делување на СДС. И таа улога свесно ја прифатил, и свесно ги манипулира внатре во ССМ.
Трендафилов да каже дали планот на СДС кој го спроведува, тој е предвреме осуетен од самите работници, кои го разоткрија, па СДС се приклучија со наводни предлози и решенија цела недела порано? Точно знаеме кој и како го координира Слободан Трендафилов. Паниката е огромна и кај Слободан Трендафилов и кај СДС. А тоа се гледа и низ делувањето внатре во ССМ, каде на секој месец до два се менува Статутот. Од што се плашат Трендафилов и СДС и што кријат од синдикалците? Продолжуваме со разобличување на Трендафилов и СДС. Тие се прочитани, а нивниот план осуетен.