Уште една потврда дека сообраќајната култура во Скопје никогаш не била на пониско ниво е забележана денес – на снимка што ја објави порталот „24инфо.мк“, се гледа како возач на автомобил, сакајќи да ја избегне гужвата на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, ладнокрвно вози по велосипедската патека, и тоа со прилично голема брзина.
Автомобилот возеше по патеката и по тротоарот за пешаци, поминувајќи околу нив, речиси до зградата на Владата, каде се приклучи на булеварот „Илинден“ – пред десетици други возачи што чекаа на мостот, очигледно мислејќи дека е попаметен од сите нив.
Полицијата не можеше да се забележи на оваа сообраќајна точка, една од најкритичните во Скопје во утринските и попладневните метежи.