Љуљзим Фаризи е познат во јавноста како политички аналитичар, но во најновото издание на Митови и факти тој ни открива како функционираат инспекциските служби внатре, бидејќи и самиот е трудов инспектор.
Тој открива дека испекцисиските служби имаат хроничен недостаток од кадар, кој системски се надополнува со партиски активисти. Надзорот на субјектите неретко се врши селективно, голем проблем е корупцијата, но и законските решенија и политиката на мали казни. – Јас мислам доколку адекватната инспекциска служба отишла таму да врши надзор би ја забранила за работа дискотеката и ако не ги исполнува техничките потреби, инспекциските служби си имаат механизам како да го прават тоа за да изречат мерка забрана за вршење на дејноста. Но, тој можел утредента да ја скине пломбата и да проложи да работи. Јас мислам дека повеќе е на свеста на луѓето, во конкретниот случај на газдата на објектот – вели фаризи Во ова вонредно издание на Митови и факти тој говори дека пред неколку години го посетил кафулето на сопственикот на дискотеката во Кочани и му пишал казна бидејќи утврдил вработен кој не бил уредно пријавен.