По појавата на глувци во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел и реакции од родителите, кои одлучија децата да не ги пуштат на настава, министерката за образование и наука, Весна Јаневска изјави дека мерката е многу едноставна, се вика дератизација. Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со тоа што е преземено за да се надмине проблемот, а на реакција од медиумите дека директорката на „Панајот Гиновски“ не соработува со новинари, ниту со совет на родители и општината, министерката порача дека обврска на сите директори е да си ја извршуваат функцијата за која се поставени.
💬 Јас предлагам една многу едноставна мерка која се вика дератизација, а потоа и еколошка акција во училиштето. Веќе ја примивме информацијата, пред сè од медиумите, ја следиме состојбата и преземеме соодветни чекори понатаму. Соработката е неопходна со сите институции со кои училиштето е поврзано. Директорите се поставени за да ја организираат наставата, но и сите други активности на училиштата – рече Јаневска. Според сведоштва на родителите, глувци биле забележани не само околу училиштето, туку и во неговата внатрешност.
View this post on Instagram