Безбедносната состојба во државата е стабилна и граѓаните не треба да стравуваат. Но, за да се направи детална проценка на безбедноста, мора да се нагласи дека се работи за сложен процес кој вклучува повеќе сегменти за да се добие целосна слика. Она што загрижува и фрла сенка врз безбедноста на државата е проблемот што се саботира самиот систем. Причина за ваквата состојба е корупцијата, криминалитетот и свеста и навиките на граѓаните дека со поткуп може да се заврши работата во институциите. Додека тоа не се промени, граѓаните ќе бидат изложени на несигурност – вели професорот на Факултетот за безбедност од Скопје Златко Димовски во програмата „Пресврт“ на „Слободен печат“.
Повеќе од разговорот со Златко Димовски можете да погледнете во видеото и емисијата Пресврт на Youtube каналот на „Слободен печат“.