Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави видео снимено во парк. „Далеку сум од добра форма, но Србија се врати на вистинскиот пат, Србија победува и веќе никој не може да ја спречи“, напиша Вучиќ.А, во видеото вели: „Јас сега демек работам нешто, а Синиша фотографира, глумам дека сум физички активен. Цело утро правиме поважни работи“, а потоа почна да ги набројува сите проекти што планираат да ги завршат во наредниот период.
„Ова кратко време пред ручекот ќе го искористам како нешто да правам, за тоа што ќе го јадам да биде помалку забележливо. Во секој случај, Србија се врати на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку што бев во изминатите неколку месеци“, рече српскиот претседател. Toj редовно објавува видеа на социјалните мрежи кои не се поврзани со политиката.