Инцидентот се случил на влезот во комплексот згради во кој се сместени воениот музеј и гробницата на Наполеон.
Емануел Макрон присуствувал на церемонијата по повод 81-годишнината од повикот на Шарл де Гол да се спротивстави на нацистичката окупација во 1940 година. Токму кога сакаше да положи венец во подножјето на статуата, гардистот кој стоеше зад него одеднаш падна на земја и изгуби свест. Болничарите брзо го однеле стражарот на носилки.
Се уште не е позната причината за колапсот на гардистот. Некои извори шпекулираат дека доживеал топлотен удар бидејќи температурата во Париз достигнала 32°C, додека некои медиуми сугерираат дека можеби имал некои здравствени проблеми.Се уште не е позната причината за колапсот на гардистот. Некои извори шпекулираат дека доживеал топлотен удар бидејќи температурата во Париз достигнала 32°C, додека некои медиуми сугерираат дека можеби имал некои здравствени проблеми.