Дебар Маало, срцето на Центар е маало со необична и богата историја. На почетокот на дваесеттиот век тука имало само градини и ниви, а првите куќи ги изградиле доселеници од дебарскиот крај.
Седам на спомен клупата на нашиот најпознат драмски писател Горан Стефановски кој со своите драми го направи Дебар Маало и неговиот уникатен дух ѕвезда на светските театарски сцени. Тука пред нас е кафеаната Идадија една од култните места во Дебар Маало и единствената кафеана во Скопје која непрекинато работи повеќе од 90 години, славно собиралиште на дебармаалци.
Дебар Маало не е само поим за боемско кафански живот во Скопје туку и културен центар кој им дава простор на уметниците да се изразуваат.Тука е и културниот центар Јадро, тука живее споменот на великанот Горан Стефановски.
Градиначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, секојдневно отворено говори со дебармаалци за нивната живеачка.
На средба со нив ги слушна проблемите но и ги кажа плановите за подобрување на животот:
,,Во план е и во завршна фаза е проектот за затварање на Дебар Маало поставување на рампи на сите влезови на Дебар Маало. Каде што посетителите ќе можат да го посетат и транзитираат и да не седат повеќе од половина час а резидентите да имаат слободно паркинг место и конечно овие тротоари со автомобили да ги ослободиме за пешаците и љуботелите на велосипеди”, вели Герасимовски.
Најави изградба на современа општинска зграда со задржување на постојното зеленило, катна гаража и подземно паркирање, чист Центар и купивање дополнителна опрема за да може општината сама да го отстранува сметот да не се чека градот да си ја завршува целосно работата.,,Во план е и во завршна фаза е проектот за затварање на Дебар Маало поставување на рампи на сите влезови на Дебар Маало. Каде што посетителите ќе можат да го посетат и транзитираат и да не седат повеќе од половина час а резидентите да имаат слободно паркинг место и конечно овие тротоари со автомобили да ги ослободиме за пешаците и љуботелите на велосипеди”, вети Герасимовски.