Rockstar Games штотуку го претстави вториот трејлер за играта Grand Theft Auto 6 од долгоочекуваната игра. Ова е прв нов поглед на GTA 6 по речиси година и пол, и повторно ја потврдува посветеноста на Rockstar да ја лансира својата голема, отворена криминална авантура … конечно, во 2026 година, пренесува Полигон. Grand Theft Auto 6 е првата целосно нова GTA игра по повеќе од една деценија, и очекувањата за неа се многу високи — нејзиниот претходник, Grand Theft Auto 5, има продадено над 200 милиони примероци откако дебитираше на PlayStation 3 и Xbox 360 во 2013 година. Шестата главна игра од 27-годишната франшиза на Rockstar ја враќа серијата назад во Vice City, во измислената држава Леонида, каде што двојката протагонисти, Џејсон и Луција, се обидуваат да си обезбедат подобар живот.
За да го постигнат тоа, играчите ќе извршуваат грабежи, кражби на возила и други криминални активности во современ контекст, а не во стилизирана верзија од ’80-тите години како што беше прикажано во претходните Grand Theft Auto игри. Извор: Новинска агенција МЕТА