Некои во притвор, некои со кривични пријави, но сите добиваат илјадници евра отпремнина од државната енергетска компанија ЕСМ. КОД открива за колкави суми станува збор, а се впишани во тајните менаџерски договори. А директорите на Пошта си ги зголемиле платите, наместо да си ги намалат кога направиле загуба. Акционерско друштво без акционери. Од основањето на ЕЛЕМ со право на 10 отсто акции, но вработените никогаш не ги добиле.
Во КОД и за салата за свадби и венчавки во Визбегово, за која државна Лотарија искешира 400 илјади евра за кирии, а директорот избега пред кривична пријава. Гледјате КОД во недела во 19 и 15 со Снежана Лупевска Созен на Телма.