Гневни граѓани се собраа пред полициската станица во Кочани, барајќи одговорност за трагично загинатите 59 претежно млади луѓе. Тие побараа некој од министрите да излезе пред нив и да поднесе одговорност.
Претежно млади луѓе со транспаренти во рацете извикуваа „Правда, правда“. Велат дека не може да помине само со оставка од градоначалникот Папапзов, кој воопшто го нема да излезе пред своите сограѓани. „Сите се исти. ВМРО и СДСМ, сите се исти“ рече едно младо момче.