Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај Алкалоид (29-23) во жешката сала „Автокоманда“, па во победнички ритам патува кај Вардар 1961 во дербито за титула во последното коло. Раул Алонсо во овој дуел заштеди сили, беше без капитенот Филип Кузмановски, како и без египетскиот пивот Мохамед Мамду, кои не беа во протоколот. Сепак, ја оствари целта, па за да дојде до титула ќе мора да победи кај вечниот ривал.
Мечот го одбележа и инцидентот во 40. минута, кога Лазаров имаше приговор на арбитражата, имаше вербален конфликт со судијата Митровски, по што следеше црвен картон за најдобриот македонски ракометар, а сегашен тренер на Алкалоид.