Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека немала намера никого да навреди од Собранието кога на пратеничката Славјанка Петровска и рече: „Врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши?
Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство“. Таа смета дека темата се држи во јавност за дефокус, иако повеќе јавни личности, жени, побараа извинување бидејќи се нашле засегнати.
View this post on Instagram