Првите снимки од експлозијата се појавија и на социјалните мрежи. На нив може да се види голем пожар, додека црн чад го покрива небото.
Иранските државни медиуми ги потврдија неодамнешните напади врз рафинеријата за гас „Фаза 14 Јужен Парс“, рафинеријата за природен гас „Фаџр Џам“ и пристаништето за течен природен гас „Канган“ на брегот на Персискиот Залив, сите во покраината Бушер во јужен Иран.Израел се чини дека започнал напади врз економскиот сектор на Иран, првенствено составен од објекти за природен гас и нафта долж Персискиот Залив.
Да потсетиме, во петок, 13 јуни, израелската армија ја започна операцијата „Подемот на лавот“ против иранските врвни функционери, воени објекти и нуклеарни научници, во една од најголемите воени ескалации на Блискиот Исток во последните децении, во која, според ирански извори, беа убиени десетици луѓе, вклучувајќи и врвни воени функционери.
Техеран одговори во операцијата „Вистински одговор 3“ со испукување четири баражи од балистички ракети кон Израел, при што загинаа три лица, а десетици беа повредени.Можете да ги следите сите најнови вести за конфликтот меѓу Израел и Иран во нашиот БЛОГ ВО ЖИВО.