Градоначалникот Тони Коњановски час побрзо да ја заврши процедурата за доделување на локациите во Градскиот парк во Битола на наши, млади сограѓани кои преку летото тука продаваат крофни, кафе и други пијалоци. Оваа бела боја со која се обележани местата е единствената инвестиција на Коњановски во целата процедура за закуп на просторот. Освен давачката кон општината, закупците се должни да платат комунална такса, да си обезбедат и секако да си плаќаат струја и да ја одржуваат хигиената. Годинава, од засега непознати причини, Коњановски се одлучи да побара астрономски суми за изнајмување на локациите. Плус, закупците се обврзуваат да платат за седум месец однапред. Ако вака, со удирање по џебот на младите луѓе кои се обидуваат да направат нешто за себе и за Битола, Коњановски планира да го полни празниот буџет на општината, тогаш нека му служи на честа.
Се надеваме дека Коњановски и ДПМНЕ не планираат овие локации на Градското шеталиште да ги доделат на блиски лица по партиска, роднинска или пријателска линија, па затоа годинава измислуваат нови правила на игра. Апелираме Коњановски да ги послуша барањата на младите стопанственици и да дозволи закуп на просторот под услови како и минатата, и годината пред тоа. Во овие 2 метри квадратни обележани со бела боја, наши млади сограѓани вадат егзистеција. Должни сме да им помогнеме, а не да ги бркаме од градот и државата заради самоволието на Коњановски и компанија.