Младиот бизнисмен претприемач Беким Аземи во 2010 година на само 11 години изградил со 1 милион € зграда, за која поднел барање за легализација кога имал 12 години. Веројатно од парите што ги собирал за роденден.Инаку зградата е изградена за неколку месеци во 2024 година, за што има службени официјални докази од катастар.
Од каде се внесени милиониве во промет? Нешто да кажат од Финансиска полиција, Министерство за финансии, Управа за јавни приходи? За МВР и Влада не прашувам, таму е како и до сега. Си го бранат Висар Ганиу со неговата организираната криминална банда, како да им се браќа.На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Одделение за односи со јавност на Град Скопје