Препорачуваме да ги ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР. Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште. На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали.
Градот Скопје до овој момент ги превзема сите расположливи мерки, НИЕ ИЗРЕКОВМЕ НАЈВИСОКИ КАЗНИ, А СЛУЧАЈОТ Е ПРИЈАВЕН КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОЧНАТ ДА ПОСТАПУВААТ.


Апелираме до Владата и МВР да престанат со “филозофирање” да се фатат за работа, има повеќе од доволно докази, информации и аргументи кои би можеле да им помогнат во истрагата за поднесување на кривична пријава за како нивна службена должност за да се обезбеди одговорност на сторителите.