Две лица се убиени, а девет други, меѓу кои и тројца тинејџери, се повредени во пукотница во Фермаунт Парк, Филаделфија, соопшти полицијата во понеделник. Полицијата соопшти дека синоќа, на Денот на сеќавањето, околу 22:30 часот по локално време, се слушале пукотници додека се одржувал голем собир во паркот Фермаунт. Како што објасни полицискиот инспектор од Филаделфија, Кевин Бетел, вкупно 11 лица – вклучувајќи тројца тинејџери на возраст од 15, 16 и 17 години – биле погодени од куршуми.
BREAKING UPDATE: At least 2 dead, 8 injured after mass shooting at Fairmount Park in Philadelphia, Pennsylvania. – local media
— AZ Intel (@AZ_Intel_) May 27, 2025
Си-Би-Ес њуз претходно објави дека масовното пукање – напади со употреба на оружје со четири или повеќе жртви, според терминологијата на американските органи за спроведување на законот – било извршено за време на состанок на возачи. Еден маж и една жена се убиени, додека деветте повредени се во стабилна состојба.
„Во овој момент не сме пронашле никакво оружје“, додаде Бетел, објаснувајќи дека не се извршени апсења. „Сериозно е. На Ден на сеќавањето (…) го разбираме значењето на овој инцидент и ќе се погрижиме да дадеме повеќе информации подоцна, нагласи тој.