„Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем со самите себе“, вели поранешниот лидер на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на Конфедерацијата на Синдикати и поранешен лидер на Независниот полициски синдикат, во емисијата „25 минути“ која се емитува на ТВ „Шења“, зборуваше за трагедијата во Кочани. „Народот гледа сè. Што сите власти досега направиле или не, за граѓаните да бидат побезбедни. Во случајот со кочанската трагедија се докажува дека сите минати власти, вклучително и оваа, мора, еве јавно кажувам, и министерот за внатрешни работи, и премиерот, но не само тие двајца, туку и Обвинителеството, да ги преземат сите нивни законски ингеренции. Не може да бидат амнестирани моменталните господа челници кои седат на одредени фотелји и кои имале исклучително битна улога и функција во општеството, а да бидат амнестирани. Во ниеден случај“, вели Делчев Тодев.
„Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи дека ние имаме проблем самите со себе“, додаде тој. Според него, шефови на одредени сектори на важни институции не може да се назначуваат според политички заслуги. „Имаме полициски службеник кој пред неколку години пишува службен материјал во кој напоменува дека дискотеката не е безбедна и дека јавниот ред и мир може да се наруши во секој момент, и од тие причини бара, предлага, затворање на дискотеката. И таквата личност се наоѓа во притвор. Тој алармирал пред неколку години, и тој е во притвор, а тие што требале да реагираат, ништо не спровеле. Тие што биле одлучувачки фактор во полицијата немаат последици. Тоа се случило во 2023 година. Да сум обвинител или министер за внатрешни, ќе знаев кој треба дополнително да се апси. Нека се охрабрат да ги апсат и сегашните функционери. Не може да се оправдаат сегашните началници. Уште 50 лица би биле уапсени, па тие нека се докажуваат на суд. Не само од МВР. Бројката во притвор не е доволна за целата трагедија“, рече Тодев.