20.8 C
Скопје
09/05/2025 10:43
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

      

Одредени и најдобри скинови понекогаш чинат и големи суми. Во овој напис ја разработуваме темата колку е важен изгледот на ликот што се игра во видеоигрите каде што сакате да изгледа импресивно. Во видеоигрите има механики кои што влијаат за менување изглед на ликовите во видеоигрите, односно популарно наречено меѓу гејмерите „Скинови“. Скиновите се козметички парчиња или почесто „сетови“ (комплетно менување изглед на лик) што се се добиваат во самите игри, или зависно од играта се купуваат во „онлајн продавниците“ (продавници во самите игри за дигитални козметики и други сервиси) од одредени игри, преку микротрансакции). Одредени и најдобри скинови понекогаш чинат и големи суми. Во овој напис ја разработуваме темата колку е важен изгледот на ликот што се игра во видеоигрите каде што сакате да изгледа импресивно. Ќе бидат презентирани неколку игри во кои тоа е од голема важност за играчите.

Целта на овој поопширен напис, покрај состојбата и важноста на скиновите во игрите која е во полн замав на актуелност, е да можат сите подобро да ги разбираат видеоигрите со „нивниот кодиран гејмерски јазик“. Ова е цела плејлиста на јутуб на повеќе мои ликови од мрежни игри со различни „скинови“ од поголем број на игри. Иако е одамна постирано и не е ажурирано, вреди да се види за да се сфати концептот на написот.

   

Најчесто скиновите не додаваат на подобрување на играните ликови да имаат појаки удари, брзина, или општо моќност. Скиновите сосема се само козметички додаток што не додаваат статистика на јачина. Карактер е ист, само различна облека. Со исклучок на некои игри. Во World of Warcraft и во Lost Ark, PvP опремата додава и на статистика и се зема со „грајндање“ (посветување време на активности кои се повторливи но ултимативно даваат награди што нудат предност и преку статови и атрибути).  Но и ова е голем фактор во компетитивни игри, до тој степен што при борби во игри на играчи против други играчи – PvP (скратено од Player vs Player). Доколку ве нападне играч во обичен оклоп што сите можат да го имаат, не е толку страшно колку што да се појави играч со ретки скинови и со самиот изглед може да ги исплаши другите играчи. Ова доаѓа до степен што губат волја за играње, или по правилото „чим има таков противник од спротивниот тим, сигурно ќе победат” и се откажуваат од мечови уште пред да почне борбата. А од друга страна користење на скинови што се истакнува знае да ги мотивира противниците баш играчот со најактуелниот скин „да биде ловен“ и да се фокусираат на него како главна мета. Ова не е од љубомора за скинот што го има, туку токму од тоа што се прави нешто повеќе од другите.

Од друга страна гејмерите имаат и смисла за хумор и често се случува некој што е многу добар во дадени борби, да е со скинови кои се смешни. Пример лик облечен во цел костим „пижами со мечиња“ е подобар во играта, дури повеќе и од тие што имаат скинови со брутален изглед Порано скиновите не беа битен фактор, поради тоа што скинови се добиваа само со играње на игрите. Но откако се случи појавата на скинови за ножеви во популарната игра „GS:GO“, работите се променија кога тие скинови почнаа да се продаваат за стоитици и илјадници долари. Подоцна повеќето игри почнаа да додаваат скинови со голема монетарна вредност.  Најскапиот скин за нож во „Counter-Strike 2“ досега е несомнено моделот наречен „Karambit Case Hardened Blue Gem“ чија цена гравитира околу цена од 1,5 милиони американски долари. Сите скинови во Counter-Strike можете да ги добиете со отварање на кутии, кои што исто така се плаќаат. Сите скинови имаат одреден процент на колкави се шансите да ги добиете. Се работи за буклвано виртуелно коцкање во видеоигра. Еве како е претставен Karambit скинот на Steam. Гротеската на прескапи скинови за пари е највидлива во играта Call of Duty каде што на пример може да купите комичен скин од раперот „Снуп Дог“ што пука со две узија. Цените и на подобрите и „посериозни“ скинови во самата игра се астрономски.  Во „Dota 2“ еден од првичните скинови чија што цена почна иницијално околу 100 евра од самата онлајн продавница на играта, несомнено е „црниот скин“ за карактерот „Invoker“ еден од најкомплицираните ликови за играње во Dota 2.  Играчите го споредуваат играњето на овој лик како „свирење пијано“ дека континуирано може да се менуваат голем број магии и нон стоп се отвараат комбинации во дадени ситуации и има инволвирано многу притискање копчиња целовремено. Скинот е наречен “Dark Artistry” и моментално поставената цена за препродажби е околу 230 долари. Секако дека и други скинови се продаваат, но сепак од вас зависи дали ќе го сторите тоа. Тие скинови можете да ги поклоните на пријатели што ги немаат, за разлика да пробувате да заработите пари од скинови.

Во овие комбинации се заработуваат околу 50 евра на неколку месеци по сомнителни сајтови за препродажби и воопшто не се исплатува. Со ова сите ваши стекнати вредни скинови ќе ги изгубите како никогаш да не сте ги заслужиле. При тоа сте изгубиле еден куп време и напнат континуиран напор и нерви. Guild Wars 2 е позната како игра што содржи најмногу комбинации на различни бои и именувани нијанси и варијации за оклопи што може да ги употребите во сите варијанти иако скиновите не се толку многубројни. На избор сите скинови се правени со љубов и внимателен дизајн да изгледаат многу добро. Со самото играње на играта се добиваат и таканаречни „престижни скинови“ што најчесто се легендарните оружја и додатоци.

Два најтешки скинови за добивање во играта се „крилјата од PvP“ наречени „The Ascension“ во отсекот на натпреварување меѓу играчи а на второ место од PvE е дворакиот легендарен меч „Eternity“ за кој да го склопите и направите треба претходно да ги направите мечовиот „Sunrise“ и „Twilight“. Повеќето играчи застануваат на „Twilight“ како најкористено легендарно оружје во играта. Мечовите кои се користат со две рацеи ги немаше во првата „Guild Wars“ и продолженијата, но кога се појавија во „Guild Wars 2“ земаа огромен замав на популарност. Тие не се користат само класата „Воин“, туку и од „Некромансерите, Ренџерите, Мезмерите и Ревенантите“ ги употребуваат со максимална корисност и ефект. За легендарните PvP крилја треба да се одиграат над 2000 рунди каде играчите се борат во тимови на стази со различни механики од кои главната е добивање на „Waypoints“ и нивно чување. По најново овој услов е многу скратен поради новите играчи. Guild Wars 2 од релативно неодамна ја има и на Steam и времето е пократко. Добро е што со PvP сега се заработува и злато – главната валута во играта што може да ја конвертирате во „џемови“ и така да земете и скинови и од онлајн продавницата и препродавања на Trading Post што функционира како аукциска куќа во World of Warcraft. Еве како изгледаат PvP крилјата,The Ascension:

The Ascension PvP Legendary Wings Guild Wars 2 скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: The Ascension PvP Legendary Wings Guild Wars 2, Иван Стојановски

Во Black Desert Online, исто така азиска игра од фирмата Pearl Abyss, проблемот е што нема директно трејдање во играта. Среброто е главна валута, но играчи со вистински пари купуваат запакувани сетови од онлајн проданицата на играта и ги продаваат на аукциската куќа во играта. На тој начин добиваат неограничени количини сребро. Додека другите што немаат можност за тоа, едноставно ја играат играта и со години заштедуваат. Разлноликоста на скиновите е импресивна но тоа што се смета за краен завршеток на играта. Тоа се престижните коњи во три варијанти, од кои огнениот коњ може да носи двајца играчи, Eднорогот се бори со вас, а најпосакувниот тип на коњ е Пегаз. Пегазот е добро превозно средство во играта бидејќи не постои „Fast Travel“, ниту телепортирање во други области. Пегазот може да се купи преку аукциската куќа со сребро, или да се добие после долг процес на континуирани обиди кога надградувате коњ што е веќе „Courser“. Парадоксално е дека скиновите за коњи се највредните скинови.

Eldritch riding a Pegasus on Black Desert Online скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Warframe иако е акциона игра со многу нови варијации, на самата крајна содржина на играта се базира на таканаречен „Fashion Frame“, односно украсување и разубавување на карактерите што ги поседувате, операторите и животните што се борат покрај вас.

Луѓе често прават иновации на додатоци и бркаат атрактивни скинови на оружја. Играчите највеќе ги интересира како ќе им изгледа ликот и за сопствена сатисфакција и за тоа да бидат видени од други играчи.

Warframe Eldridzh in a Ash Prime Warframe with the War sword- скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Warframe Eldridzh in a Ash Prime Warframe with the War Sword, Иван Стојановски

Играта повеќе се заснова на PvE за разлика од PvP кое преставува да речеме само околу 10% од самиот целосен гејмплеј. Оваа игра може да се игра сосема бесплатно и да не се потроши ништо во самата игра а сепак да напредувате ако научите да тргувате со делови и сетови.

Warframe Eldridzh reaching rank 25 Sage with Ember Prime Warframe скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Warframe Eldridzh reaching rank 25 Sage with Ember Prime Warframe, Иван Стојановски

Додека има и доста играчи кои со вистинс ки пари купуваат секакви скинови директно од “кеш шопот” на играта. Но и огромен број на гејмери и гејмерки кои ја играат тотално беспари целовремено. Натпреварот во изглед е кој ќе измисли најдобра комбинација на бои (и боите со посебни сетови палети се купуваат со Platinum-валутата во играта) и најдобар “бленд” спојување различни делови ајтеми за нова комбинација на оклопи и оружја. Еве неколку “скриншотови” од мои ликови на играта:

Warframe Eldridzh with Ash Prime skin and Operator cosmetics скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Warframe Eldridzh with Ash Prime skin and Operator cosmetics, Иван Стојановски
Warframe Eldridzh represent skin in the arbiter -скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Warframe Eldridzh represent skin in the arbiter, Иван Стојановски

Во World of Warcraft најдобрите скинови се од легендарните оружја за кои треба поголема конзистентност, трпение и фармање, за некои со месеци а за други оружја и со години. Секирата Shadowmourne има најкратко достижлива прогресија иако самиот процес да ја креирате секирата на крајот од „Questline“ (прогресирачка последователна серија од задачи таканаречни „квестови“ или „Quests“) и нуди табард (престилка на оклоп со различни фракции), и плус црно-црвен коњ како основиот црно-син коњ што го има исклучиво херојската класа Deathknigth. Додека добивањето на едноракиот легендарен меч Thunderfury инволвира многу повеќе деликатни задачи и среќа и трае подолго да се добие. Пред неколку експанзии направија да може да ги користите скиновите на Легендарните оружја на било кое оружје од ист тип. Најдолгиот процес за добивање на сет од два легендарни мечови за „Transmog“ (скратено од “Transmogrification” што е начин да менувате скинови на оклоп и орујжа во World of Warcraft) се Мечовите на Илидан Стромрејџ првиот ловец на демони, односно првиот Demonhunter. Луѓе ги фармаат преку 15 години за ретката можност да бидат добиени во рејдот „Black Temple“ каде последен главен непријател е Илидан Стормрејџ. За овие оружја треба да имате голема среќа да ви се случи „Drop“ (термин кој се користи за колкава е шансата да добиете некој предмет од главен непријател). Класи што можат да ги фармаат „Warglaive of Azzinoth“ се Fury Warrior, Outlaw Rogue, Frost Deathknigth, Windwalker Monk и Demon Hunter. Луѓе со години секоја недела го поминуваат рејдот „Black Temple“ со сите класи за да им се паднат. Доколку ги добиете мечовите исто така добивате и „Achivment“ (награда) Wargralives of Azzinoth. Но има уште една фаза која што не важи за другите споменати оружја. Тоа е за време на „Timewalking Event“ за експанзијата „The Burning Crusade“ на највисоко ниво на тешкотија, повторно можете да го победите Илидан со двата мечови, и тогаш го добивате Acheivment-от “I’ll Hold These For You Until You Get Out” што е и пародиска реченица дека се знае дека Илидан поминува 10.000 години во затвор дека користи демонски енергии да лови демони во играта World of Warcraft. Warglaives of Azzinoth:

WoW Eldritch Warglaives of Azzinoth in town скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: World of Warcraft Eldritch Warglaives of Azzinoth, Иван Стојановски

А ова се слики од Легендарната секира  Shadowmourne (чиј скин се употребува веднаш откако ќе се добие секирата):

Shadowmourne:

WoW Nigthelf Eldritch Shadowmourne скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: World of Warcraft Nigthelf Eldritch Shadowmourne, Иван Стојановски

Thori’dal, Stars’ Fury:

Легендарниот Лак на грб Thori'dal, the Stars' Fury на WoW скриншот од лична архива на Иван Стојановски
Фото: Легендарниот Лак на грб Thori’dal, the Stars’ Fury на WoW, Иван Стојановски

Скиновите од кеш шопот во Diablo 4 и Diablo Immortal, се неверојатно скапи. За тој фактор на Diablo Immortal играта која е бесплатна за учествување и се игра на мобилни телефони имаме повеќе написи овде. На пример во Diablo 4 е доста видна разликата на скиновите што може да се земат со играње на играта што се со понизок квалитет и полош дизајн намерно. Додека продажните скапи најдобри сетови и скинови се продаваат исклучиво во онлајн шопот на играта. Ова нефер однос кон играчите и директно навредување на интелигенцијата на играчите, но сепак се работи за компаниајта Blizzard. Ако имавте потешкотии да го разберете текстов иако голем дел од терминологија е објаснета детално, може да консултирате два мои водича во својство и на „речници за термини во видео игри“. Првиот е за термини во „RPG“ игри, а вториот со термини во „Souls“ игри и концепти Скиновите од игрите знаат да бидат и инспирација за многу косплеери. Косплејот е појава кога гејмерите детално прават костими сами и се облекуваат како херои или негативци од игри, серии и популарни филмови од научна и епска фантастика и аниме од секаков вид. Но најчесто видео игрите водат како главна инспирација на косплеери кои имитираат скинови од игри. Нивните активности се исто така и рачна изработка на самите костими што ги носат во Македонија најчесто на настани базирани на видео игри, стрипови или премиери на кино проекции.

Што се однесува до помладите се надеваме дека овие информации ќе ви помогнат ако си поставите цели за добивање одредени скинови во горенаведените игри. Дали менувањето на изгледот е важно е индивидуално, но сепак ако е прашањето филозофски е – „Што е поважно содржината или формата?”. Вистинскито одговор е – „И двете се подеднакво важни. Дека треба да се има и содржина и форма.“ Запамтете дека поголемо време од играњето и не е толку важно да се има најнови или престижни скинови, затоа што другите играчи посветуваат кратко време на импресиораноста на скиновите што ги поседувате и повеќе тоа се прави за лична сатисфакција и индивидуален израз. Според максимата „изгледот најчесто лаже“ скиновите може да преставуваат и потврда и печат за минат труд во дадена игра па би рекле „скинот сам ќе си каже“. Понекогаш и немора баш сите скинови од одредена игра да ги имате. Тоа невозможно не само поради големиот број на скинови, но и поради тоа што некои скинови од одредени периоди и евенти не се ни веќе достапни во одредени игри како што е пракса во World of Warcraft. Исто така „бркање статистики“- нема крај исто така и е реално небитно. Поен помалку, поен повеќе, целта на игрите е пред се да ве забавуваат и релаксираат. А борбите во игрите треба да бидат пријателски како културен феномен особено сега во подемот на компетитивно играње и вистински е-спортови. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....