По изведувањето на пенали Реал Мадрид го елиминираше градскиот ривал Атлетико и го продолжи патот кон одбрана на европската титула. Атлетико Мадрид до предност стигна по само 27 секунди кога Конор Галагер ја погоди мрежата на „кралевите“. Со тој гол Атлетко ја анулираше предноста на „кралевите“ од првиот натпревар. Иако, Реал можеби беше благ фаворит сепак до крајот на првиот дел Атлетико создаде повеќе прилики, а „кралевите“ немаа некоја посериозна шанса за гол. Најголемата прилика за израмнување избраниците на Анчелоти ја пропуштија во 70. минута кога Винисиус Жуниор не реализираше пенал и шутираше над голот. До крајот на регуларните 90 минути и продолженијата се играше мирно и без премногу напади, па победникот се решаваше на пенали.
Во пенал серијата ВАР собата поништи гол на Алварез поради два допири со топка, а Љоренте погоди пречка, додека за Реал не реалзираше само Васкез. Рудигер погоди во петтата серија за конечна победа за „кралевите“.
На останатите две средби, Арсенал кој ќе игра против Реал Мадрид откако победи со ПСВ 7:1 во првиот натпревар вечерва ремизираше 2:2 и така обезбеди четвртфинале, додека Астон Вила и по вторпат го победи Клуб Бриж, сега со 3:0 за вкупни 6:1. Претходно во терминот од 18:45 часот Борусија Дортмунд со пресврт го совлада Лил 2:1.