Фудбалерите на Барселона по голема драма и продолженија славеа над Реал Мадрид со 3-2. Барселона започна подобро и создаваше повеќе прилики пред голот на Куртоа, а резултатот беше отворен по половина час игра кога по асистенцијата на Јамал убав гол постигна Педри. Тоа беше и единствениот гол по првите 45 минути. Реал Мадрид заигра подобро во вториот дел и таа игра им се исплатеше во 70. минута кога Килијан Мбапе од слободен удар погоди за израмнување. Само седум минути подоцна Чуамни се погрижи и за целосен пресврт.
Барселона сепак не дозволи Реал да слави во регуларниот дел и со голот на Феран Торес во 84. минута израмнија на 2-2 со што натпреварот отиде во продолженија. Во продолженијата и двете екипи имаа свои прилики, а одлучувачкиот момент се случи во 116. минута кога дефанзивецот Жил Кунде го совлада белгискиот голман за победа и трофеј на Барселона.