Патнички авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ и приватен авион денеска за малку ќе се судреле на аеродромот „Мидвеј“ во Чикаго, но пилотот на патничкиот авион направил маневар во последен момент и ја избегнал несреќата, пишува „Њузвик“. На снимката од аеродромот во Чикаго се гледа како патничкиот авион се обидува да слета, но потоа нагло полетува додека на истата писта во неговата патека влегува приватниот авион.
Федералната управа за авијација (FAA) потврди дека приватниот авион без дозвола влегол на пистата и дека започнале истрага. Според првичните информации, контролорите на летање реагирале и спречиле трагична несреќа.