Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите. Жителите раскажуваат дека станува збор за старо дрво кое било обележено за сечење, но надлежните служби тоа досега не го направиле и алармираат дека и други дрва на улицата се за сечење. За состојбата на дрвјата во градот надлежно е ЈП „Паркови и зеленило“, но тие најчесто реагираат по пријава на граѓани. Во таков случај, состојбата ја утврдува посебна Комисија со претставници од Секторот за комунални работи на Град Скопје и од претпријатието, кои излегуваат на терен и доколку дрвото е старо, заболено, искривено или пречи на подземната и надземната инфраструктура издаваат решение за сечење или кастрење.
Од 2020 година наваму има две пријави до „Паркови и зеленило“ за кои јас знам, но дрвото беше оставено така. И не е само тоа, тука сите дрвја покрај улицата и надолу покрај другите згради се стари и се распаѓаат – вели граѓанка која за случајот реагираше во нашата редакцџија. Во Скопје и во Општина Карпош речиси при секое невреме со посилен ветар паѓаат дрвја.Последниот случај, беше неодамна во Карпош 3, кога гранка од дрво падна и повреди дете.
View this post on Instagram