A прокиснувањето кое се случуваше во Државниот архив според снимките кои лани ни ги испратија вработени изгледаше вака . Архивската граѓа се чува во метални сефови. Државната комисија, која правела увид во 2018 година по еден голем дожд, заклучила дека тие „ги штитат документите од врнежите“.
Но, за архивата не е закана само водата. Меѓународните критериуми предвидуваат контролирана температура и влажност во депоата зашто во спротивно историски важната хартија може да ја уништат бактерии и габи. Или да ја изедат глодари. Прочитајте повеќе: https://bit.ly/Drzaven-arhiv-direktori-se-menuvaat-muvlata-ostanuva
Државниот архив конечно распишал тендер со кој се предвидува и санација на покривот на зградата во која се чуваат некои од најважните историски документи за државата. БИРН лани пишуваше како повеќе од 11 години проблемот со прокиснувањето кој постои од самото вселување на институцијата во новиот објект на Вардар никако да се реши. Видовме ѕидови прошарани со дупки и со мувла. Некаде водата течела и врз разводни табли за струја, а добивме и фотографии од течење дожд во просторијата во која се чуваат историските документи. Прочитајте повеќе: https://bit.ly/Drzaven-arhiv-direktori-se-menuvaat-muvlata-ostanuva