Во Министерството за економија се формира комисија која треба да утврди дали, кој и колку лица земале плата, а не оделе на работа, потврди министерот Дурмиши. Ваквата проверка доаѓа по неофицијални информации дека во оваа институција извесен период вработени не доаѓале на работа, а нивни колеги наводно ги пријавувале преку службените картичките како да се таму.
Министерот Дурмиши рече дека додека не го види извештајот од комисијата нема да коментира. Но, уверува ако имало такви случаи, веднаш ќе им биде даден отказ.
View this post on Instagram