Универзитетскиот професор, епидемиологот д-р Драган Даниловски со критики кон претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, доктор Владимир Трајковски.
За Даниловски спорни се ставовите на Трајковски околу вакцинирањето на децата со аутизам. – Иако ниту еден исказ не е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од устата на претседател на „Македонското научно здружение за аутизам“! За 30 секунди е збришана целата (и онака кревка) доверба на народот кон вакцините! Аферим, објави Даниловски на социјалните мрежи во врска со изјавата на д-р Трајковски дадена на 3-ти овој месец за една македонска телевизија. Даниловски потенцира дека Трајковски во еден дел од изјавата вели „Кај деца што има аутизам, да бидам искрен, особено и ако има податок…го поврзуваат родителите и сигурни се, гледате дека се високообразовани и разбираат нешто, ја разбираат медицината, јас не би ги советувал понатамошно вакцинирање кај тие деца со аутизам и кај што има доказ дека веројатно вакцината е причинител“.