Американската крајбрежна стража на прес-конференција потврди дека сите патници во подморницата загинале. Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив припаѓале на капсулата која го одржувала притисокот внатре во подморницата.
„Утрово подводно возило управувано од далечина го откри опашот на подморницата Титан. Бродот потоа откри дополнителни остатоци од подморницата. Остатоците се дел од комората за притисок. Веднаш ги известивме семејствата на екипажот. Моето сочувство до сите семејства Можам само да замислам како се чувствуваат и се надевам дека ова откритие ќе обезбеди одреден спокок“, рече контраадмиралот Џон Маугер, командант на американската крајбрежна стража. Засега сè укажува на имплозија што се случила при спуштањето кон потонатиот брод Титаник.