22.8 C
Скопје
06/05/2025 12:12
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

      

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамките на 10-тиот Годишен форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), денеска во Грција, учествуваше на Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет и на Панелот на министри за ЕУ фондови, каде имаше свое обраќање. На Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет, министерот Муртезани ја истакна важноста од засилување на регионалната соработка во услови на сè посложени глобални и геополитички предизвици. Тој го поздрави ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР како конкретна алатка за посилно локално влијание, особено со вклучувањето на проширувањето како хоризонтален приоритет. Според него, оваа Стратегија претставува платформа преку која земјите-кандидатки за членство во Унијата можат поефективно да ги унапредуваат реформите, да ги мобилизираат достапните инструменти на ЕУ и да ја продлабочат регионалната интеграција. Тој ја истакна подготвеноста на Северна Македонија да предводи со посветеност и визија во рамките на своето прво претседателство со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива.

На Панелот на министри одговорни за ЕУ фондови, министерот Муртезани се осврна на новиот, петти столб на стратегијата, социјалната кохезија, нарекувајќи го суштински двигател на процесот на европска интеграција. Тој подвлече дека европската иднина не се гради само преку институционални процеси, туку преку создавање услови за достоинствен живот таму каде што граѓаните живеат. Северна Македонија, како координатор на Столб 2 „Поврзување на регионот“, во својата програма најави иницијативи за модернизација на прекуграничната инфраструктура, дигитална инклузија и вклучување на младите, како дел од посеопфатна визија за трансформација на регионот. Тој посочи дека Стратегијата не смее да остане само рамка, туку мора да стане вистински двигател за европеизација, со соработка што не е само физичка, туку и институционална и општествена.

   

Муртезани порача дека ЕУСАИР мора да биде мост меѓу формалните процедури и вистинските резултати, преку младинско учество, инклузивни инвестиции и силна регионална поврзаност – како предуслов за одржлива иднина во која разликите меѓу земјите -кандидатки и земјите-членки во Европската Унија, се сè помали. Во продолжение се интегралните говори на МЕП Муртезани од Состанокот на министрите и од Панелот на министрите за ЕУ фондови: Обраќање од Состанокот на министрите Почитувано грчко претседателство, почитувани министри и екселенции, драги претставници на земјите од Јадранскo-jонскиот регион. Ми претставува големо задоволство денес да бидам тука, во Георгиополис, како претставник на Северна Македонија, која го презема претседателството со Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион и претседавањето со Јадранско-Јонската иницијатива, и што ја имам можноста да учествувам на оваа сесија по повод отворањето на 10-тиот годишен форум на ЕУСАИР, настан што секоја година обединува широк спектар на засегнати страни, како од владиниот, така и од невладиниот сектор. Оваа година, Северна Македонија за првпат ги презема претседателството со ЕУСАИР и претседавањето со Јадранско-Јонската иницијатива, откако земјата се приклучи на овие два процеса. Преземањето на претседателството и претседавањето се совпаѓа со 5-годишнината од пристапувањето на земјата кон Стратегијата во 2020 година и 7-годишнината од нејзиното членство во Иницијативата.

Ова се совпаѓа и со 25-годишнината од потпишувањето на Декларацијата од Анкона, со која се формира Јадранско-Јонската иницијатива како „иницијатива за дијалог и соработка во Јадранско-јонскиот регион“ и 11-години по Заклучоците на Советот со кои се иницираше ЕУСАИР со заедничка цел „да се промовира економски и социјален просперитет и раст во регионот преку подобрување на неговата привлечност, конкурентност и поврзаност… и да се придонесе за натамошна интеграција на Западен Балкан“. Јадранско-јонскиот регион постигна значителен напредок оттогаш. Сепак, во овие времиња на неизвесност, со тековна воена агресија на европско тло и соочени со бројни предизвици на глобално ниво, кои несомнено имаат влијание и врз нашиот регион, проширувањето и продлабочувањето на соработката под покровителство на ЕУСАИР и Јадранско-Јонската иницијатива е поважно од кога било досега. Потврдувањето на нашата поддршка за заедничките вредности е од клучно значење за да можеме да дадеме ефективен и конкретен одговор на предизвиците, како и на нивните очигледни или потенцијални последици за регионот, што може да се постигне само преку заедничка работа – како што правевме во изминатите години. Во оваа смисла, новиот и ревидиран Акциски план на ЕУСАИР може да послужи како цврста алатка, имајќи предвид дека самата ревизија е направена токму со оваа цел – да се одговори на зголемените предизвици во врска со голем број на прашања и со тоа да се прегледаат сите постојни приоритети, да се надополнат каде што е потребно и да се насочат кон обезбедување на резултати и поголеми ефекти на локално ниво.

Од перспектива на земја кандидатка за членство во Европската Унија, очекуваме дека издигнувањето на проширувањето како хоризонтален приоритет во рамките на ревидираниот Акциски план ќе го засили влијанието врз реформските процеси, во согласност со рамката за проширување на ЕУ, соодветните Реформски агенди, Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, Зелената агенда за Западен Балкан, како и севкупните реформи насочени кон одржлив економски раст, регионална интеграција и интеграција во рамките на Заедничкиот регионален пазар. Јасно е дека ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР, со новововедените столбови и теми, се совпаѓа со сите горенаведени процеси и инструменти, со што на тој начин се осигурува долгорочно економско заздравување на регионот, поддршка на одржлива поврзаност, зелена и дигитална транзиција, развој на човечкиот капитал, конкурентност и инклузивен раст, како и унапредување на регионалната интеграција и приближување кон Европската Унија.

Посилен и поотпорен Западен Балкан претставува темел за посилен и поотпорен Јадранско-јонски макрорегион, што, пак, придонесува кон изградба на посилна и поотпорна Европска Унија. Само преку цврста и одржлива соработка на сите нивоа можеме да делуваме како катализатор на овие процеси. Дозволете ми, на самиот крај од моето обраќање, да им упатам честитки на нашите грчки колеги за успешно спроведеното претседавање со ЕУСАИР и Јадранско-Јонската иницијатива. Воедно, сакам да ја потврдам нашата цврста посветеност за време на нашето претседателство, што ќе ја градиме врз позитивните постигнувања и добрите практики воспоставени од претходните претседателства. Истовремено, ќе се стремиме да оставиме видлив и траен белег за идните претседателства и да дејствуваме како двигател на соработката во Јадранско-јонскиот регион и на тој начин да придонесеме кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од овој регион. Ви благодарам за вниманието и на сите им посакувам конструктивни и успешни дискусии за време на Форумот. Обраќање од Панелот на министрите за ЕУ фондови Почитувани колеги, драги пријатели, дами и господа,

Малку места ја доловуваат суштината на зборот крстопат толку моќно како што е Крит, каде што се раѓале античките митови, а денес се обликува современата европска реалност. Ми претставува вистинско задоволство што сум тука со вас, во срцето на Медитеранот, место каде што историјата отсекогаш се среќавала со можностите. И денес, под грчкото претседателство, повторно се наоѓаме на сличен крстопат: помеѓу наследството и трансформацијата, помеѓу визијата и дејствувањето. Под грчкото претседателство, се состанавме не само за да одбележиме еден јубилеј, туку и за да размислиме за времето во кое живееме. По една деценија од формирањето на ЕУСАИР, повеќе не ги поставуваме темелите; туку веќе ја обликуваме структурата. Со ревидираниот Акциски план добиваме посилна основа, не само преку четирите веќе воспоставени столба, туку и со воведување на новиот, петти столб, кој претставува одраз на самата суштина: луѓето. Европската интеграција, во својата основа, не значи само процес на исполнување формални критериуми, туку пред сѐ, значи градење чувство на припадност. Социјалната кохезија не е последица од пристапувањето, таа е двигателот на тој процес. Не може да се гради европска иднина, без да се осигури иднина таму каде што луѓето живеат. Затоа е значаен петтиот столб. И токму затоа е значајна ЕУСАИР.

За Северна Македонија, оваа Стратегија отсекогаш значела повеќе од надворешна рамка. Таа претставува стратегија за заедничко создавање. ЕУСАИР ја користевме не само за приближување кон стандардите на ЕУ, туку и за приближување едни кон други, како соседи, како партнери, како заедница со заеднички стремежи. Денес, кога се подготвуваме да го преземеме претседателството со ЕУСАИР, тоа го правиме со јасна цел и чувство на одговорност. Нашата координација на Столб 2, „Поврзување на регионот“, е многу повеќе од прашање на мобилност. Станува збор за суштинско поврзување на нашите заедници, нашите економии и нашата иднина. Дозволете ми накратко да споделам дел од нашите планови. Со оглед на тоа што нашето претседателство се совпаѓа со донесувањето на ревидираниот Акциски план, ќе ја искористиме оваа можност да создадеме позитивна клима за негово спроведување, користејќи го како инструмент за подлабока трансформација на Јадранско-јонскиот регион. Подготвуваме насочени иницијативи за модернизација на прекуграничната инфраструктура, не само за олеснување на движењето на стоки и услуги, туку и за зајакнување на поврзаноста меѓу луѓето и институциите. Исто така, ќе започнеме со иницијатива за Дигитален акцелератор за поврзување, со цел да го премостиме јазот меѓу урбаните и руралните средини, препознавајќи дека дигиталната инклузија во денешно време е од суштинско значење за социјалниот и економскиот напредок.

Покрај тоа, ќе ја користиме оваа платформа за да ја нагласиме приоритетната важност на проширувањето на ЕУ, што е клучно за ЕУСАИР уште од нејзиното формирање. Со оглед на тоа што пет од десет земји учеснички се кандидатки за членство во ЕУ, Стратегијата претставува практичен одраз на самиот процес на проширување. Во рамките на нашето претседателство, ќе работиме на продлабочување на поддршката што ЕУСАИР ја нуди во процесот на пристапување, преку усогласување на регионалната поврзаност со пошироката рамка за проширување на ЕУ: вклучително и Реформските агенди, Методологијата за проширување, Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, ИПА III и Инвестициската рамка за Западен Балкан. Овие алатки не се само технички механизми, туку се и мостови кон суштинска трансформација. Нашите иницијативи во рамките на Столб 2 ќе го одразат токму овој пристап, каде што се помага во забрзување на реформите, стимулирање на инвестициите и поттикнување на усогласувањето со вредностите, законите и стандардите на Унијата во сите земји учеснички. Соработката е основата на нашиот пристап. Овие иницијативи не се замислени како национални проекти со регионални ознаки. Тие се резултат на заеднички труд со соседните земји, вклучително и Албанија, Италија, Грција и други, со цел да се обезбеди регионална поврзаност што не е само физичка, туку и институционална и општествена. Истовремено, остануваме посветени на вклучувањето на поширок круг на засегнати страни, особено од граѓанското општество и приватниот сектор, како и на создавање поповолна средина за инвестиции и градење капацитети.

Меѓутоа, мора да имаме и подалечна визија, подалеку од нашето следно претседателство, подалеку од следниот циклус на финансирање. Во контекст на обликувањето на програмскиот период по 2027 година, не треба само да ги ажурираме алатките, туку мора да ја зголемиме и амбицијата. ЕУСАИР за десет години ќе биде повеќе од стратешка рамка. Ја гледаме како вистински макрорегионален двигател за европска интеграција, каде што водечките транснационални проекти се стандард, ангажманот на младите е вграден во секој столб, а социјалната инклузија е критериум за секој успех. Мора да бидеме доволно храбри да замислиме регион во кој разликата помеѓу „претпристапно“ и „полноправно членство“ станува сѐ помалку изразена, бидејќи сме толку длабоко меѓусебно поврзани преку вистинска соработка, заеднички инвестиции и заеднички вредности.

Секако, оваа визија мора да се темели на цврста основа. Ова го вклучува и приватниот сектор. Зелената и сината економија не се само стратегии за одржливост, туку и стратегии за инклузија. Во Северна Македонија, работиме на тоа да осигуриме бизнисите, особено стартапите и малите претпријатија, да имаат пристап до ресурсите на ЕУ, не само за нивен раст, туку и за да придонесат кон заедничката цел. Исто така, свесни сме и за демографските предизвици со кои се соочува нашиот регион, особено кај младите. Секој млад човек кој го напушта регионот со карта во еден правец е повеќе од бројка, тоа е изгубен потенцијал и честопати, знак дека политиката не го исполнила своето ветување. Затоа, мора да работиме уште понапорно за да создадеме локални екосистеми, каде што младите ќе можат да живеат и да напредуваат. Тоа значи работни места во индустрии насочени кон иднината, образовни системи поврзани со реални вештини и граѓански простори каде што нивниот глас има влијание. Формирањето на Младинскиот совет на ЕУСАИР е важен чекор напред, но тоа е само почеток. Ќе го искористиме нашето претседателство за продлабочување на учеството на младите, не само преку овој Совет, туку и преку пошироки платформи кои ќе овозможат младите луѓе активно да учествуваат во креирање на политиките. Конечно, не смееме да ја потцениме тивката, но моќна дипломатија на контактите меѓу луѓето. Културните размени, заедничките универзитетски програми, прекуграничните проекти поврзани со здравството не се само симболични напори. Тие се емоционалната инфраструктура на регионот што го градиме заедно. Почитувани колеги, Европа не се гради само во Брисел. Таа се гради овде, во Јадранско-јонскиот регион, во секоја заедница што пронаоѓа нова цел преку соработка, во секој студент кој студира преку граница, во секој бизнис што гледа можност во партнерство, а не во поделба. Со секој пат што го модернизираме, секој однос што го продлабочуваме и секоја препрека што ја надминуваме не спроведуваме само еден план, туку пишуваме ново поглавје од заедничката иднина. При таквите напори, социјалната кохезија не е петтиот столб. Таа е првиот чекор. Да ја искористиме, не само за да го забрзаме нашиот пат кон ЕУ, туку и заедно да го изодиме.

  

Најново

Лишен од слобода државјанин на Република Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Над 1000 нови вработувања најавува премиерот Мицкоски, интензивирана соработката во областа на царината меѓу Македонија и Турција, поддршка за општините од источниот регион

Sase Ivanovski

Си Џинпинг: Кина и ЕУ се стратешки партнери

Sase Ivanovski

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Кардиналите пристигнаа во Ватикан пред утрешниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Ќе биде ли доведен во прашање и легитимитетот на Вреди?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “На кавга со Иван“ – Владимир Божиновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени: Зошто сè уште не се применува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

АКО СЕ ОВА ЦЕНИТЕ ВО ПРЕДСЕЗОНА, ШТО ЌЕ БИДЕ ВО СЕЗОНА? Хрватите удрија со цените

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski

СЕЗОНАТА НА ОДЗЕМАЊЕ ТАБЛИЧКИ И ВОЗАЧКИ ВО ГРЦИЈА ПОЧНА: Еве што да направите ако останете без нив

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ ДОЖИВЕАЛЕ НЕПРИЈАТНОСТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Sase Ivanovski

ЈАЗИКОТ Е НАШИОТ БЕДЕМ И ИДЕНТИТЕТ Нема да отстапам од цивилизациското право да говориме на македонски, порача премиерот

Sase Ivanovski

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

Препознајте ги доматите кои се полни со хемија – обрнете внимание на овој дел

Sase Ivanovski

Лицата со дијабетес бараат од Владата за сите нив да бидат обезбедени модерни инсулински пумпи

Sase Ivanovski

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

Sase Ivanovski

Телма -Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

Пеколно лето ја чека Европа – топлотни бранови и суши!

Sase Ivanovski

Во среда, 07 мај 2025 во 13.30 часот во МКЦ: Комеморација за Тоше Поп Симонов

Sase Ivanovski

Македонските евровизиски фанови и дадоа најмногу поени на Мелоди од Шпанија!

Sase Ivanovski

Путин: Во 2014 година Русија сè уште не беше подготвена за конфликт со целиот Запад

Sase Ivanovski

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

Sase Ivanovski

Актерката Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Бериша: На 11 мај се одвојуваме од режим што нè осиромаши во изминатите 10 години

Sase Ivanovski

Цените на нафтата паднаа под 60 долари

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сврти на Smooth и освежи го денот на свој начин

Sase Ivanovski

Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори заедно со локалните, вели претседателката на државата

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на мај

Sase Ivanovski

Населението во Македонија се намалува, многу деца живеат во сиромаштија

Sase Ivanovski

Бледски договор (1947)

Sase Ivanovski

Како ќе се враќа солидарниот данок? За 5 години треба да се исплатат 49 милиони евра, ќе има ли кривична одговорност за мерката?

Sase Ivanovski

Трамп ќе постави царини на филмови произведени надвор од САД за да ја спаси Холивудска индустрија

Sase Ivanovski

Сојузник на Трамп од крајната десница победи во првиот круг од повторените претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

Sase Ivanovski

Oдбележан Меѓународниот ден на акушерките

Sase Ivanovski

Голема распродажба на Star Wars игрите на сите платформи

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

Вучиќ наместо дипломатска служба за време на посетата на САД користел неформални канали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski
Вчитувам....