Во меѓусебната тепачка учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата од село Добрино и М.В. (25) од Скопје, од една страна, и Р.М. (19) и А.М. (25), двајцата од Скопје, од друга страна.
Пред два дена во Скопје, на ул. Јадранска магистрала кај клучката Приштина, дошло до физичка пресметка помеѓу две групи лица, откако претходно имале недоразбирање во сообраќајот, информираа од СВР Скопје.
Инцидентот се случил на 20 јуни 2025 година околу 14 часот, кога бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка во која учествувале М.В. (32), Ш.В. (46), двајцата од село Добрино и М.В. (25) од Скопје, од една страна, и Р.М. (19) и А.М. (25), двајцата од Скопје, од друга страна.– Случајот е целосно документиран, и против сите вклучени лица се поднесени соодветни поднесоци – соопштија од МВР.