„Пред неколку моменти започна деветиот бран заеднички напад со беспилотни летала и ракети, а нападите ќе продолжат непрекинато до утрото“, изјави Наеини, додавајќи дека акцијата е одговор на последните израелски удари врз ирански цели.
Според ирански извори, нападите се насочени кон воени објекти, радарски станици и комуникациска инфраструктура на израелска територија. Засега нема независна потврда за обемот на штетите или евентуални жртви.