Најпопуларната манифестација на домашната сцена, „Златна бубамара на популарноста“, вечерва по 28. пат се одржува во преполната арена „Борис Трајковски“.
Вечерта традиционално ја отвори првиот човек на „Бубамара“ Ранко Петровиќ, со воведен говор, по што следеше краток стенд-ап настап на актерот и комичар Жарко Јовановиќ, кој со својот хумор ја загреа атмосферата и ги насмеа присутните.