Sifu е доста квалитетно направена игра каде што се претставени многу интересни „Kунг-фу“ потези. На платформата Epic Games е бесплатна за превземање до овој четврток.
Иако играта е излезена пред четири години сè уште изгледа модерно и може да се рамни и со најновите игри – покрај тоа што графиката има аниме стил и класичен цртан филм. Ова е второ нејзино појавување на Epic Games како посебна категорија за квалитетна и релативно понова игра беше најавена како непозната Mystery Game што значи – специјална добра игра на бесплатна промоција. Во играта играте како мајстор на боречки вештини, коешто е и значењето на кинескиот збор „Sifu“, и воедно се преведува и како учител.
Стилот на борби е добро познатата вештина „Кунг-фу“, во директен превод од кинески тоа значи „Тежок напор“, a структурата од кунг-фу којашто ја практикува протагонистот во играта се вика „Пак Меи Кунг-Фу“ традиционално обединувачко кунг-фу за борби и сопствен „духовен развој“.
Во играта има интересна механика каде секогаш кога ќе умрете, повторно се враќате и продолжувате, но после секоја следна смрт се враќате како постар борец. Истовремено и секоја наредна инакарнација од главниот лик е и помоќна и поискусна. Така што тоа е механиката околу која се одвива играта. Движењата и потезите се атрактивни и забавни и има борби со повеќе противници одеднаш во различни простори, најчесто како во мафијашките кинески филмови каде мафијашите се сместени во дискотеки, коцкарници, канцеларии во кули, барови, па дури и во уметнички галерии да се разбие изгледот и разноликоста на просторот, со застапени борби и во ходници. Околините се исто така со кршливи предмети и повремено може да употребувате и оружја од противниците, или импровизирани оружја како ногарка од маса или шише од пиво.
Позиционирањето и врзувањето на удари резултира со повеќе сила и со финишери. Што подолго правите комбоа кои ви се бројат целовремено и ако е тоа непрекинато полесно го поминувате даденото ниво дека удирате појако ако не ве допрат противниците и ако тајмирате „перфектно блокирани“ удари.
Што се однесува до приказната вие сте на пат да го одмаздите својот татко, но интересно станува кога ќе најдете начин „своето време да го тргувате за стекнување сила и вештина“ потребни за спроведување на осветата. Не ви откриваме повеќе за да нема спојлери за приказната, но ќе сфатите на што се мисли кога ќе ја завршите играта.
За да ја превземете играта треба да креирате корисничка сметка на главниот сајт на Epic Games и да го симнете програмчето Epic Games Launcher и да ја превземете играта Sifu. Извор: Новинска агенција МЕТА