Ова е серијал на игри што веднаш стави голем печат на оригиналност во гејминг индустријата, и гејмерите веданш го засакаа серијалот. Познатиот серијал на игри „Horizon“ популарен по уникатните околини начинот на поставеност, каде во постапокалиптична обновена со зеленило планета имате пештерски луѓе што ловат диносауруси. Но тоа што е уникатно, се работи за диносауруси-роботи. Ова е серијал на игри што веднаш стави голем печат на оригиналност во гејминг индустријата, и гејмерите веданш го засакаа серијалот. Најновите вести за серијалот се дека наскоро ќе има две продолженија. Едното продолжение ќе биде Singleplayer, а другото продолжение ќе биде Multiplayer игра со MMORPG жанр. Ова е трејлерот од вториот дел од играта, се работи за Horizon Forbidden West (за која имаме и претходен напис):
Целиот серијал на Horizon франшизата за жал повеќе не може да се купи и да се игра на ПЦ. Денес првиот дел „Horizon Zero Dawn“ не е достапна на никоја од платформите како Стим или Епик Гејмс. Одлуката од PlayStation е на ПЦ платформата да може да се продава само вториот дел „Horizon Forbidden West“
Позитивниот начин е тоа што се работи за франшиза креирана од PlayStation Studios и на нивните конзоли сите делови се достапни за играње во секое време. Првиот, вториот дел, дополнително новата ЛЕГО верзија од франшизата. Но и за фановите на виртуалената реалност, „Horizon Call of the Mountain“ е исто така нова игра од серијалот. Што се однесува до референците, како што знаеме во реалниот свет од историја и еволуција – диносаорусите и праисториските луѓе живееле во драстично оддалечени временски периоди. Тие воопшто не живееле во сличен период како што е претставено во комичниот анимиран серијал Flinstones. Првата игра воопшто не е лесна, се граничи на тешкотија на Souls игри и потешка акциона игра. Ловите механизирани диносауруси а играте со женскиот протагонист „Aloy“ која е ловец на самодадена задача да отркрие повеќе за сопственото минато и минатото на светот во кој живее. Како што знаеме во праисторија мажите повеќе биле ловци а жените собирачи -но овде имате женски лик во парадоксално кажано “футуристичка праисторија” која е ловец. На женските гејмерки нова инспирација – не на нивото на Лара Крофт од Tomb Raider серијалот, но сепак Aloy е инспирација за женски хероизам што е добро за самодовербата на гејмерките -што повеќе фантазиски херојки имаат тоа подобро може да се угледаат на нив и да бидат повеќе етични и во животот. Еве како изгледа таканаречен Free Roam (Слободно трчање и роварење низ играта) од првиот дел:
Следниот чекор во развитокот од играта е да се изработи солидна мултиплејер верзија како што објаснивме погоре. И покрај тоа што ќе биде потребно доста најнова техника конзола PS5 за да се учествува дека играта не е достапна на Steam веќе и идните изданија нема да бидат достапни за PC. Ако имавте потешкотии да ги разберете термините во овој напис имаме два водичи што ги објануваат теминологиите: првиот и вториот. Оваа игра има огромен потенцијал да прерасне во една од најпривлечните и најоригинални мрежни игри. Извор: Новинска агенција МЕТА