Во Ерусалим, пред два дена, се случил инцидент во израелскиот парламент, кога член на опозициската партија Хадаш, која ги обединува Арапите и Евреите, остро ја критикувал од говорницата израелската воена офанзива врз Појасот Газа. „Војната трае веќе година и пол во која убивте 19.000 деца, 53.000 жители на Газа, ги уништивте сите универзитети и болници. А за вас нема политичка победа. Чувствувате дека нема политичка победа. Затоа полудувате“, рече Ајман Одех, кој беше исвиркан од некои од претставниците за време на неговиот говор, а потоа обезбедувањето насилно го одведе и го спречи да продолжи да зборува.
Во последните недели, Израел ги интензивираше нападите врз Газа, која е загрозена од огромна хуманитарна криза поради глад, а Израел не дозволува значителна помош да влезе во палестинската енклава.
Во последниот израелски воздушен напад во појасот Газа беше погодена семејна куќа, при што загинаа девет деца, а тешко повреден е таткото и уште едно дете.