Мицкоски и Коцевски ја продолжуваат голготата на родителите од Кочани кои речиси три месеци бараат правда за нивните починати деца. Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави се за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата. Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта ниту еден актуелен државен функционер не е опфатен со истрагата на обвинителството.
Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс? Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев спротивно на стандардните оперативни процедури ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот? Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката зошто досега нема обвинение против Петрушев?
Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата туку спротивно на добиената наредба прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот? Мицкоски и Коцевски мора да им одговорат на родителите дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?
Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои наместо да ги гони ги информирал за постапките кои се водат против нив? Дали Драган Казак Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ги врши валканите работи на партијата во градот со години? Дали можеби Петрушев е заштитен затоа што поседува компромитирачки материјали за истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеници?
Зошто Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец, дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер? Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваа и уништуваат докази? Колку време им е оставено вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закаануваат на родитиелите на починатите во Пулс?
СДСМ остави повеќе од доволно време институциите да донесат правда за жртвите на ова власт, но по се изгледа залудно. СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ! СДСМ на целата македонска јавност ќе и ја обзнани вистината за трагедијата во Кочани.
Продолжуваме со објавување на Вистината за трагедијата во Кочани. Прашање: Британските медиуми пишуваат дека премиерот Страмер не се откажува од плановите за враќање во земјите на Западен Балкан. Ваш коментар? Одговор: Да, меѓу нив и реномираниот британски Тајмс. Значи британските медиуми и разузнавачки служби го демантираат премиерот Мицкоски. Прашањето е дали нешто се разговара зад грбот на народот. Зошто Мицкоски јавно не го одбие планот на британскиот премиер Страмер за мигрантски кампови во Македонија?