Три месеци по трагедијата во Нови Сад, кога се урна настрешница на реновирана железничка станица, при што загинаа 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, денеска студентите организираат масовни протести во градот со блокада на три моста. Мостовите беа блокирани нешто пред 15 часот, додека илјадници граѓани и студенти и натаму пристигнуваат во колони на протестот.
На блокадата на Мостот на слободата нешто по 15 часот пристигнаа неколку илјади студенти од новосадскиот и белградскиот факултет. Како што јавуваат српските месиуми, колоната е огромна и почнува од Универзитетот, а насобраните носат пароли и транспаренти. На самиот мост и неговите приоди веќе се собрани околу десет илјади граѓани. Варадински мост (Виножито) и мостот Жежељев ќе бидат блокирани три часа, додека, како што е најавено блокадата на Мостот на слободата ќе трае 24 часа, а а утре на мостот ќе се одржи граѓански пленум, на кој учесниците на протестот треба да се договараат дали блокадата ќе заврши ли ќе продолжи.