Во јавноста протекоа видео-снимки од онлајн сесија преку платформата „Зум“, кои укажуваат на сериозен обид за политичка манипулација и злоупотреба на трагедијата во Кочани, објавува порталот НетПрес. Како што наведува порталот станува збор за координирани обуки, во кои учествуваат граѓани од Македонија, како и обучувачи и активисти од Србија, каде веќе подолг период се одвиваат протести и улични движења со дестабилизирачки карактер.
На снимките се слушаат совети за тоа како да се организира привидно спонтан револт, како да се избегне секој институционален дијалог, да се креира медиумска драма и да се манипулира јавното мислење преку лажни профили и фабрикувани пораки. Особено загрижувачки е фактот дека во еден дел од разговорите, српскиот обучувач користи неприфатлива и навредлива терминологија за албанската заедница, што претставува говор на омраза и дополнително го потврдува деструктивниот пристап кон мултиетничкиот соживот во Македонија.