Фудбалерите на Баерн Минхен по вторпат го совладаа Баер Леверкузен во германскиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите. На гостински терен баварскиот гигант беше подобар со 2:0 и со вкупен резултат 5:0 обезбеди пласман во четвртфиналната фаза од натпреварувањето. Стрелци на головите во триумфот на Баерн беа Кејн во 52 и Дејвис во 71 минута од средбата на БајАрената во Леверкузен. Интер повторно беше подобар од Феенорд овојпат пред своите навивачи на Џузепе Меаца во Милано со 2:1.
Во текот на првото полувреме италијанскиот претставник поведе во осмата минута преку Тиран, а Холанѓаните израмнија во 42 минута со голот на Модер. Конечниот епилог го постави Чалханоглу во 51 минута од пенал за вкупни 4:1 за Интер во овој двомеч. Во четвртфиналето Интер ќе игра против Баерн, а нивните дуели се закажани за 8/9 април и 15/16 април 2025 година.