Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.
Novi Sad
Policija primenjuje nasilje ❗👇 pic.twitter.com/xqKX4kJmTS— Ne lomite mi bagrenje (@janjic_vladan) May 15, 2025
На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани. Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата. На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка. Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата: „Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.