Иран рано утрово започна нов, четврти бран ракетни напади врз повеќе градоци Израел – објавија властите во двете земји.
– Нова серија напади во рамките на Операцијата „Вистинско ветување 3“ – соопшти иранската државна телевизија, осврнувајќи се на одмаздничките напади на Иран врз Израел откако израелските авиони погодија повеќе цели на иранска територија во четвртокот навечер. Новиот напад го потврдија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
– Пред кратко време, сирени се огласија во неколку области на Израел откако детектираа ракети истрелан од Иран кон Израел. Во моментов, израелските воздухопловни сили работат на нивно пресретнување за да се отстрани заканата – соопшти прес-службата на ИДФ, повикувајќи ги граѓаните да ги следат упатствата на војската и да одат во засолништа.
⚡️🇮🇷🇮🇱 The moment a rocket hit in Rishon, Israel. pic.twitter.com/eHGmwLNqrw
— Spicy Sonal (@ichkipichki) June 14, 2025
Израелските медиуми објавуваат дека експлозии може да се слушнат во Тел Авив и Ерусалим. Израелските медицински служби соопштија дека две лица загинале, а 19 се ранети откако иранска ракета го погодила станбен објект во централен Израел. Претходно, Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелски еквивалент на Црвениот крст, изјави за локалната телевизија Канал 12 дека една жена е во сериозна состојба, а неколку лица се под урнатини на погоден објект. Според израелскиот весник „Џерусалем пост“, ракетните напади досега однеле два живота, а 74 луѓе се ранети. Медиумите јавуваат дека поголемиот дел од иранските ракети биле соборени или не ги погодиле целите.
Иран за првпат користел балистички ракети од подморници во нападот врз Израел
Иран во синоќешните напади за првпат истрелал балистички ракети од подморници, јави иранската државна агенција ИРНА. Тоа е првата борбена употреба на балистичките ракети на ваков начин, објави агенцијата. Револуционерната гарда потврди дека иранските сили извршиле ракетни напади врз десетици цели во Израел, како одговор на израелскиот напад од вчераутро, во кој беа убиени дузина високи команданти на иранската војска, а вкупно имаше десетици загинати. Во нападот беа уништени и повеќе ирански постројки за збогатување ураниум. Според иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, нападите биле насочени не само кон нуклеарни капацитети, туку и кон цивилна инфраструктура и станбени згради, при што загинале 78 луѓе, а над 320 се повредени, од кои големо мнозинство се цивили.