Се влошуваат односите меѓу Индија и Кина. Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар објави дека Индија распоредила рекорден број војници на границата со Кина во обид да го „притиска“ Пекинг за деескалација на тензиите.Објасни дека претходно Кина го засили своето присуство на спорната граница од 2020 година.„Денес индиската армија е распоредена на границата со Кина како никогаш досега и тоа е направено за да се спротивстави на кинеското воено распоредување кое е зголемено од 2020 година“, рече Џаишанкар, пренесе руски ТАСС.
Војниците на двете земји се судрија во североисточната индиска држава Аруначал Прадеш на 9 декември. Неколку војници се здобија со полесни повреди.Се појави видео на кое се гледа како војниците се тепаат со стапови.Двете земји имаат несогласувања околу спорната граница на Хималаите. Спорот е за 3.500 километри долгата граница на Хималаите. Во 1962 година, Кина и Индија водеа целосна војна за контрола на областа, која Пекинг ја смета за дел од Тибет.